Major international exhibition devoted to Alexander of Macedonwas opened last year at the Museum "Kunshthale" in Leoben city,central Austria. The exhibition was set more than 400 artifacts from25 museums around the world including the Louvre, the BritishMuseum, the Museum in St. Petersburg, and the national museumof Tajikistan and Afghanistan. |
Alexander the Great was NOT a Yugoslav? |
Namely, the German museum Rice
Engelhorn open sided (wow!) with
the Greek historians, claiming that the
(Slavo)Macedonian people are not the
successor of Alexander of Macedon!
"Alexander was Greek and
actually in no way could he
ever be the ancestor of today's Slav-Macedonians", said in
November last year, at the opening of the exhibition, the
German museum director Alfred Viczorek.
Изложбата „Античка Македонија: Кралството на Александар
Велики“, која во организација на Археолошкиот музеј од Солун
ќе биде отворена во октомври во париски „Лувр“, не го
претставува големиот војсководец како цивилизациска
придобивка, туку испраќа политичка порака дека Александар
е Грк. Во таков случај неизоставно мора да се реагира,
едногласна е стручната јавност
ја големата изложба „Античка Македонија: Кралството на
Александар Велики“, која ќе биде отворена во октомври во
најголемите светски музеј - париски „Лувр“. Иако октомври е далеку,
подготовките за изложбата се приведуваат кон крај, експонатите се
подготвени да ја напуштат Грција, но сето тоа не поминува и без
провокациите дека „Александар е Грк“ и дека „светот треба конечно
да го дознае тоа“.
Сé би било во ред доколу изложбата, како и секоја друга, го
претставува големиот војсководец како цивилизациска придобивка,
но кога една вака голема постановка се прави за да се испрати
политичка порака, неизоставно мора да се реагира.
- Не буквално да се протестира, тоа би било под секое ниво. Но
треба да се реагира на интелектуално ниво, реакцијата да дојде
од извесни интелектуални кругови. И јас би го направил тоа, но на
повисоко ниво, вистински, како што треба. Но мислам дека генерално
ни недостига стратегија за тоа како да си ги заштитиме сопственото
постоење и историја - вели Паско Кузман, директор на Управата за
заштита на културно наследство.
Според Кузман, МАНУ треба да има една доктрина во врска со овие
прашања, како што имаат сите други академии во светот, а се разбира
и државата.
- Треба да имаме стратегиски став во врска со оваа работа. Мислам
дека во овој случај со конкретната изложба на Александар во „Лувр“
мора да постапиме некако, а како - треба да се размисли - вели
Кузман.
Според него, македонската амбасада во Париз треба да следи што
се случува таму и да реагира. Но амбасадите најчесто не го прават
тоа.
- Кога бев во Париз, во библиотеката во „Помпиду“ имаше книги
од целсвет. На местото каде што беше Југославија имаше оддели
за сите републики. И сите беа полни со книги, освен македонскиот.
Стоеше само еден речник на македонскиот јазик во три тома, кој
беше испосечен со жилет, а зборот „македонски“ беше пречкртан и
врз него беше напишано „бугарски“. Тогаш си реков, па имаме ли
ние амбасада тука? - вели Кузман.
Тој инаку не е зачуден што изложбата, вака најавена, може да
помине во Франција, како што вели, познавајќи го политичкиот
став на Франција, кој секако е прогрчки.
- Ние сме единствени во светот што имаме државна формација што
го носи името на големиот војсководец и имаме право на тоа. На
едно ниво, како културно наследство, поимот Македонија е поврзан
со сите личности што го носат тоа име - вели Кузман.
Според писателот и поранешен амбасадор во Франција Луан
Старова, „Лувр“ е светска институција, која тешко би потпаднала
на некој политички диктат, но доколку е така, мора да реагираме.
- Во депандансите на „Лувр“, кога бев амбасадор, имаше изложба „
Средновековното богатство на Република Македонија“, и тоа под
уставното име. Ја отвори Жак Ширак. Помина многу добро, без
никакви политички конотации. „Лувр“ е сериозна институција,
таму изложбите се подготвуваат по 4-5 години однапред и сигурен
сум дека е најбитна уметничката поставка. Но политизацијата на
овој настан и негово ставање во политички контекст над
уметничкиот не е во ред. Во тој случај нашите институции,
Министерството за култура, пред сé, би можеле да реагираат. Не
гледам дека државата би требало да го прави тоа. Но секако штетно
е за односите и за иднината да се става личноста на Александар во
политички контекст - вели Старова.
Според него, треба да се најде мерка како ќе се реагира, а прво треба
да се испита случајот.
- Нашата амбасада таму треба да испита за што се работи. Ние имаме
склучено и договор за културна соработка со Франција, па во иднина
може да се разгледа можноста и ние да настапиме со нашето античко
богатство таму, со наследството од територијата на Македонија -
вели Старова.
Според наши поранешни дипломати во Франција, ако „Лувр“ како
државна институција пласира нешто што е навредливо за Македонија
ќе треба да се реагира, но ако некој вработен во „Лувр“ кажал некоја
недоследност или ако се работи за грчка кампања, тоа не треба да
се третира како позиција на државата Франција.
- Ако Грција се обиде да докажува некакваси грчкост преку оваа
изложба, од научните кругови тоа ќе биде гледано како смешно, а
јавноста нема ни да навлегува во ова прашање, можеби некој
француски весник ќе објави некоја статија и толку. Изложбата
секако ќе биде под мониторинг на стручната јавност, па ако има
лага - таа ќе биде посочена - смета овој извор со дипломатска
провениенција.
Амбасадорот Агрон Буџаку вчера цел ден бил на состанок, информираа
од македонската амбасада во Париз.
Французите „знаеле“ дека Александар е Грк?!
Грчките медиуми, и повеќе независни грчки веб-сајтови, деновиве
пренесуваат дека преку изложбата во париски „Лувр“, која ја
организира Археолошкиот музеј во Солун, ќе се испрати јасна
политичка порака дека Грција има ексклузивно право врз
Александар. Паневропскиот онлајн-магазин „Кафебабел“ деновиве
објави текст за изложбата во кој се вели: „Можеби октомври не е
многу блиску, но подготовките, како и да е, речиси се завршени,
па артефактите ќе бидат испратени од Грција за Франција.
Кураторката на одделот за грчко-романска антика на ‘Лувр’,
госпоѓата Софи Дешан патуваше низ сите македонски градови во
Северна Грција за да селектира 668 предмети што ќе патуваат во
Париз“.
На сајтот е пренесена и изјавата на споменатата Софи Дешан,
дадена во вторникот при нејзината посета на Солун:
„Французите знаат дека Александар е Грк, а не Македонец.
Работите се малку збунувачки. Тие не знаат дека Македонија,
родното место на Александар Велики, е дел од Грција. Изложбата
ќе биде голема можност за сите посетители на ‘Лувр’ да дознаат
за Александар Велики, неговото потекло и за безвременоста на
неговиот мит“.
Меѓу грчките коментари на овој пост на Интернет има и вакви:
„Александар Велики во ‘Лувр’! Скопјани докажете дека грешиме
ако можете! По две години подготовки, со археолошки пронајдоци
од многу грчки музеи, како и француски, еве ги, вкупно 668
експонати! Да ги видиме сега нашите словенски соседи да
протестираат пред музејот дека Македонија не е грчка! Тоа нема да
го направат, бидејќи фактите не лажат како што лажат тие!“
Грчкиот тим на „Кафебабел“ минатата сабота организирал и
дискусија на оваа тема во кафе-книжарницата „Паблик“ во Атина,
на која, како што се наведува, тема било името ФИРОМ како
причина да се разменат аргументите, кои, како што се вели во
текстот, не се националистички.
Дискусијата ја отворил познатиот грчки историчар Танос Веремис
од атинскиот универзитет, кој посочил на социополитичките
фактори што имале важна улога во формулацијата на „етничкиот
идентитет што е комплетно различен од оној на Грците и на
Бугарите,
а тоа е славомакедонскиот идентитет“.
Таназис Папандропулос, претседателот на Асоцијацијата на
европски
новинари, пак, предложил дека најдобра опција за името е
„Северна Македонија“.
Георгиос Коколис, кој предава на Кралскиот колеџ во Лондон,
изјавил: „Креирањето на проблемот од Тито во Југославија,
теоријата за нашите соседи од ФИРОМ како независна негрчка
македонска нација директно поврзана со античкото племе
Македонци, и солуцијата на грчката нација да ја именува ФИРОМ
како Вардарска се некои од митовите и ‘аргументите’ што ветреат
во доменот на реалноста“.
Некои од присутните сметале дека дури и терминот „Северна
Македонија“ е опасен за грчко-македонското наследство, а дека
најсоодветен е „Славомакедонија“.
Каталогот за изложбата ќе испрати и политичка порака
Изложбата на 1.200 квадратни метри ќе претстави вкупно 668
поставки и копија од мозаик од Археолошкиот музеј во Солун.
Се разбира, таму ќе нема артефакти од Македонија, иако една
изложба од ваков формат посветена на Александар Македонски
би требало да го вклучи целокупното наследство што се однесува
на оваа историска личност, а не само она што го поседува Грција.
Според најавите, ќе има делови од Палатата во Вергина, остатоци
од гробницата на Филип Втори и други гробници од Македонија и
од други региони, кои ќе бидат изложени заедно со артефакти што
„Лувр“ ги поседува уште од 1917 година.
Во француската престолнина од октомври годинава до февруари
идната година ќе се дистрибуира и каталог за античка Македонија,
кој бил подготвуван две години. Во каталогот што го напишале
познати грчки археолози ќе може да се прочита за Македонија од
бронзениот период до 6 век пр. н.е., ширењето на Кралството на
Александар, Македонија по Александар и за македонското
општество. Според грчките медиуми, и преку каталогот во кој ќе
биде презентирано археолошкото богатство ќе се испрати јасна
политичка порака.
Грција планира по враќањето на изложбата од „Лувр“, за две години
делата да ги презентира во пет музеи во Солун, со што ќе се
одбележи 100-годишнината од ослободувањето на градот.
На официјалната веб-страница на „Лувр“ нема спектакуларна
најава на изложбата - сé уште. Првпат изложбата за Александар во
„Лувр“ беше најавена во 2007 година, како одговор на
преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“.
Грчките медиуми тогаш ја најавија грандиозната изложба во
парискиот музеј „Лувр“, со напомена дека „организаторите се
надеваат дека изложбата ќе биде добар одговор на сите оние во
Скопје што се обидуваат да ја присвојат грчката историја“.
И германската изложба за Александар контроверзна
Голема меѓународна изложба посветена на Александар Македонски
лани беше отворена и во музејот „Кунштхале“, во градот Леобен,
централна Австрија. На изложбата беа поставени повеќе од 400
артефакти од 25 музеи од целиот свет, вклучувајќи ги „Лувр“,
Британскиот музеј, Музејот во Санкт Петербург, како и од
националните музеи на Таџикистан и на Авганистан.
Презентирајќи ја изложбата, поранешниот директор на виенскиот
музеј за историја на уметноста Билфрит Зампел на прес-конференцијата
го нарече Александар Македонски „една од најважните, ако не и
најважната фигура во историјата на човештвото“.
Изложбата се пресели во Австрија од германскиот град Манхајм,
каде што под насловот „Александар Велики и отворањето на светот“
беше исто така поставена. Ни тогаш постановката не помина без
провокации. Имено, германскиот музеј „Рајс Енгелхорн“ отворено
застана на страната на грчките историчари, тврдејќи дека
македонскиот народ не е наследник на Александар Македонски.
„Александар всушност бил Грк и во никој случај не може да биде
предок на денешните славомакедонци“, изјави во ноември лани,
при отворањето на изложбата, директорот на германскиот музеј
Алфред Вицзорек.
No comments:
Post a Comment